Фенг – шуи правила за среќа и хармонија

Фенг-шуи, древната кинеска вештина за уредување на просторот во согласност со природниот проток на енергија, може многу да ви помогне во секојдневниот живот да се чувствувате попријатно и да бидете полни со позитивна енергија.

Ви нудиме неколку совети за тоа како треба да го уредите вашиот животен простор, со цел низ него да струи енергијата, која ќе ви го подобри здравјето и ќе ви донесе благосостојба.
На прозорската даска ставете било каква фигура од брусен кристал со што ќе ја распрскате енергијата која доаѓа од уличното осветлување. Со тоа ќе ги избегнете здравствените проблеми.

Сите членови на семејството ручајте заедно, на кружна или елипсовидна маса. Меѓу вас сигурно ќе има хармонија и разбирање, а енергијата на кругот ќе ве зајакне.

Не држете кактуси или други растенија со остри боцки, затоа што се извор на негативна енергија. Одберете внатрешни растенија со заоблени листови. Ќе ви се подобри и здравјето.

Не претерувајте со жолтата боја, затоа што ве поттикнува на грижи. Со самото тоа ќе сте поподложни на стрес и изложени на бројни болести.

Кујната не ја бојадисувајте со темни бои, затоа што се извор на лоша енергија. Употребувајте пастелни бои и ќе имате подобар метаболизам и здравје.
Доколку имате проблеми со црниот дроб, распоредете дрвени предмети низ куќата. Енергијата на дрвото посебно позитивно влијае врз црниот дроб и жолчката.

Ставете бамбус да расте во вода во дневната соба, затоа што е симбол за просперитет. Ќе бидете поздрави.