Роџер Федерер имаше нов импресивен настап на тенискиот гренд-слем турнир Австралија опен, каде што славеше со чисти 3-0, по сетови 7-6 (1), 6-3 и 6-4, против Томаш Бердих од Чешка.
Четвртфиналето мина „гладно“ за Швајцарецот, кој досега нема загубено сет на турнирот и кој во следната рунда ќе се сретне со Хјеон Чунг. Кореецот по Новак Ѓоковиќ лесно мина и со Американецот Тенис Сандгрен, кој не успеа да му одземе сет на првиот тенисер од Јужна Кореја во полуфинале на гренд-слем.
Од вчера е составена првата полуфинална двојка на првиот сезонски голем турнир, а во неа се Кајл Едмунд од Велика Британија и Марин Чилиќ од Хрватска.
Кај девојките Симона Халеп од Романија и Анжелик Кербер од Германија по победите над Чехинката Плишкова, односно Американката Кис, закажаа пресметка за финале, но пред нив тоа треба да го сторат и Мертенс и Вознијацки.