Томи Хас немаше настап во трето коло на валиден турнир од АТП календарот во досегашниот дел од 2017. година, но денеска успеа со пресврт, 2-1 во сетови, да го совлада Роже Федерер во втората рунда во Штутгарт. Изненадувањето е огромно ако се знае дека Швајцарецот во април освои два Мастерса во Индијан Велс и во Мајами, пред да се повлече на двомесечен одмор.
Тој очигледно оставил трага кај 35. годишниот Швајцарец кому ова му е само трет пораз од Хас во 17 соочувања. Претходните беа во 2001. и во 2012. година. Германецот кој влезе во 40. година од животот и веќе не игра активно, бира турнири и практично веќе е во пензија, а триумфот над Федерер му доаѓа како признание на заминување.