Давид Гофан го победи Доминик Тим со 2-1 и ги разреши дилемите околу полуфиналето на завршниот Мастерс во сезоната. Белгиецот утре оди на мегдан со Роџер Федерер, а во другиот ќе се сретнат Григор Димитров и Џек Сок. Бугаринот вечерва ќе има партија со Карењо Буста, но таа нема да смени ништо во редоследот.
Завршницата на турнирот кој години наназад беше синоним за кулминација на тениската сезона и на нивото на Гренд Слем серијата, овој пат е невпечатлива со Федерер како единствен кој знае каке да се победува на овој настан, па и на другите големи турнири и плус група за која пошироката спортска јавност дури и не знае.