Роже Федерер го победи во своевидниот тениски „блокбастер“ Хуан Мартин Дел Потро со пресврт и 2-1 во сетови и го освои својот турнир во Базел. Швајцарецот добива нови АТП бодови и дополнително му се приближува на водечкиот на листата, Надал. Во францускиот финален двобој пак, во Виена лесно славје со 2-0 на Лукас Пуиле против Жо Волфред Цонга, а Каролин Вознијацки триумфира на женскиот Мастерс во Сингапур. На Данската тенисерка во завршната претстава и беа потребни два сета за победа против Венус Вилијамс.