Крис Свекер, пензиониран помошник-директор на ФБИ, изјави за Newsweek дека федералното биро и другите агенции сега ќе испитаат како осомничениот, Рајан Весли Раут (58), наводно знаел дека Трамп вчера ќе биде во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, Флорида.
„Најголемото прашање е: „Како знаел потенцијалниот атентатор дека е на таа локација во тоа време?“, вели Свекер, кој работел во криминални истраги во ФБИ, според Њујорк пост.
„Постојат само три можни одговори: или погодил и имал многу среќа; или вршел надзор над Трамп и го следел до теренот за голф; или имал внатрешни информации за распоредот на Трамп.
„Последниот одговор е застрашувачки и има импликации дека некој друг бил вмешан“, додаде тој.
Раут бил уапсен откако агентите на Тајната служба, кои биле недалеку од 78-годишниот поранешен претседател, забележале цевка од автоматска пушка калашников како излегува од грмушките покрај теренот, соопштија властите.
Осомничениот, кој имал пушка и GoPro камера, наводно поставени за да го сними планираниот напад, успеал да стигне на 300 до 500 метри од 45-от американски претседател.
ФБИ ја води истрагата и се обидува да го утврди мотивот, изјавија официјални лица.
Иако Трамп има зголемено обезбедување по последниот обид за атентат врз него во јули, шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо рече дека безбедносните мерки се намалени бидејќи тој повеќе не е актуелен претседател.
„Целиот терен за голф би бил под полициска заштита доколку Трамп беше актуелен претседател“, рече шерифот.
„Верувам дека следниот пат кога ќе излезе на теренот ќе има повеќе луѓе околу периметарот“, рече Бредшо.
„Но, Тајната служба го направи токму она што требаше да го направи.
Свекер, пак, го опишал осомничениот како „фанатик“ кој мрази авторитет, откако било откриено дека Раут претходно изразувал ставови против Трамп на социјалните мрежи и зборувал за закани по демократијата.
„Знаеме дека овој осомничен дал коментари за тоа како Трамп е закана за демократијата и бил активен во некои чудни мисии: тој одел во Украина за да регрутира авганистански борци, па мотивот станува појасен – тој е фанатик кој не сака авторитет, врз основа на неговиот досие за апсењата за давање отпор за време на двочасовната опсада“, рече Свекер.
Раут имал неколку судири со законот во текот на годините – вклучително и повеќечасовен судир со полицијата во 2002 година, кога беше осуден за поседување „оружје за масовно уништување“, според записите достапни на интернет.
Сега му се закануваат 15 години затвор.