Фатмир Бесими ќе ги учи директорите како да станат способни лидери

Поранешниот министер за финансии и висок функционер на ДУИ, Фатмир Бесими, од политиката, се префрла во приватниот бизнис, и тоа во делот на консалтингот.

Тој, како што стои на неговиот профил на платформата Linkedin, станал основач и главен извршен директор на Srategers™, компанија за бизнис консалтинг и услуги.

„Srategers™ работи преку интегрирани центри за истражување и политики, иновации, консалтинг, образование за извршни директори и конференции.

Применува мултидисциплинарен пристап во различни области, како што се бизнисите, управувањето и јавните услуги, граѓанското општество и глобалниот развој.

Целта е да се развие глобална мрежа на добро поврзани лидери и експерти способни да направат промени со микропрецизност, локални специфики и глобално влијание“, се вели во описот на дејноста на компанијата.

За Бесими на страницата на компанијата се наведува дека е професор по економија на Универзитетот на Југоисточна Европа, Македонија.

„Фатмир Бесими е поранешен министер за финансии на Македонија (август 2020 – јуни 2024 година). Пред оваа функција, Бесими беше заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања на Македонија (2013-2016), министер за економија (2004-2006 и потоа 2008-2011) и министер за одбрана (2011-2013). , како и заседавање во Советот за национална безбедност. Исто така, тој беше вицегувернер на Народната банка (2002-2004) и економист во Светска банка (2007-2008) како продолжение на неговото претходно искуство во комерцијалното и централното банкарство (1999-2001). Во 2010 година е избран во групата Млади глобални лидери од страна на Светскиот економски форум.

Линк до целиот текст.