МВР информира дека вчера во Тетово, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(35) од тетовско Горно Палчиште.

Стотина затвореници шетат по улици избегани од затвор

Тој бил баран по потерница врз основа наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот.

Б.Ј. имал за доиздржување една година и четири месеци од казната за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.