Видеото кое е дело на авторот Александар Панајотов е прогласено за најдобро на конкурсот за кратко видео во рамки на осмиот Фестивал на планински филм ЕХО, кој се одржа од 24-ти до 27 октомври. „Очи“ е сторија за осум слепи луѓе кои заедно со нивните пријатели и, како што вели авторот, со желба посилна од телото, се искачиле на три македонски врва високи над 2.000 метри во трите познати национални паркови во Македонија.

Тандемот Александар Панајотов од Ride Macedonia и авантуристот од Израел Јорам Хен пренесува уникатно доживување од искачувањата на Меденица (2.163 м), Магаро (2.255 м) и Пелистер (2.601 м), кое, без дилема, ќе предизвика емоции кај сите.