Фановите на Манчестер Јунајтед кои што вечерва со својот клуб ја освоија Лига Европа се најдоа во шок откако сфатија дека во август треба да патуваат во Скопје на меч од Супер купот на Европа што ќе се игра на Телеком арената.
На социјалните мрежи со потценување се гледа на одлуката на УЕФА судирот меѓу победниците на двете најсилни европски натпреварувања да се игра во Скопје. Дел од фановите на Манчестер Јунајтед се чудат каде е Скопје, а други прават шеги на сметка на УЕФА.
Од друга страна грчките фанови имаат мака како, сите што зборуваат за Македонија во контекст на Суперкупот, да ги натераат да не го користат името Македонија, туку да зборуваат за Скопје. Најголем проблем за Грците направи тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо кој најави дека средбата против Реал Мадрид или Јувентус ќе се игра во Македонија.