а само два дена, претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи, собрал најмногу потписи за претседателската кандидатура –  5.405 потписи од потребните 10 илјади.

Максим Димитриевски кандидат на ЗНАМ, собрал 3.613 потписи.

За кандидатката на Левица, професорката Билјана Ванковска досега се собрани 2.758 потписи.

За градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски во првите два дена од собирањето на потписите се потпишале 1974 лица.

Вело Марковски има 249, а кандиатот на Алијанса Арбен Таравари кој подоцна почна со собирање засега има 246 потписи.

Ѓорги Манасков има 59, а Господин Поповски засега има 10 потписи.

Претседателските кандидати на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска можат да бидат педложени со потписи на 30 пратеници.