Легендата на Јувентус и на италијанската фудбалска репрезентација синоќа го одигра 169. натпревар во дресот на својата национална селекција, со што го истисна еквадорскиот дефанзивец Иван Уртадо од петтото место на вечната листа. Џиџи синоќа повторно не прими гол и затоа местото на гол линијата на Аѕурите и натаму му е безбедно, па не е исклучено да дојде и до првата позиција.

Таму од поодамна е Египќанецот Ахмед Хасан кој застана на бројката од 184 натпревари. За Буфон е важно дали Италија ќе игра на Светското првенство во Русија следната година, и ако стаса таму, до каде ќе дојде неговиот тим. Пресметките се дека со четирите преостанати дуели од квалификациите, со евентуално два бараж дуели, со неколку пријателски и со полуфинале на мундијалот Буфон може да му се приближи, па и да го стаса Хасан.

Инаку освен Ахмед Хасан пред Буфон во моментов се и: Мохамех Али Даеи (Саудиска Арабија) со 172 меча, Клаудио Суарез (Мексико) со 177 и Хосам Хасан (Египет) со 178 натпревари.