Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално прогласи поранешна византиска црква во Истанбул во џамија.
Вчерашниот настан доаѓа четири години откако неговата влада ја назначи за муслимански дом за богослужба, и покрај критиките од соседна Грција., објави АП.
Црквата на Светиот Спас во Хора, позната како Карие на турски, е пренаменета во џамија во 2020 година, набргу откако на сличен начин најпрепознатливото обележје на Истанбул од византиско време, Света Софија, (Аја Софија) стана муслимански дом за богослужба.
Ова предизвикаа пофалби од муслиманските верници, но и критики од Грција и други земји, кои побараа Турција да ги заштити важните споменици од византиската ера.
И двата споменика се вклучени во списокот на светско наследство на Обединетите нации.
Како Света Софија, која со векови била црква, а потоа и џамија со векови, Хора функционирала како музеј со децении пред да биде претворена во џамија. Сепак, официјалното отворање на Хора како џамија било одложувано поради реставрација.