„Труст“ и „Тотал“ се двата предмети за кои судијката Моника Бахчованска, сопруга на висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, денеска побарала изземање. Таа била на списокот  на судии кои треба да дадат оценка за обвинителен акт.
Вршителот на должноста претседателот на Кривичниот суд Стојанче Рибарев го прифатил нејзиното барање и предметите се веќе дадени на други судии. Оваа вест ја потврдил портпаролот на Кривичниот суд Дејан Ристовски според кого предметот „Труст“ му е даден на судијата Марјан Грубиша, а „Тотал“ на судијата Драган Николовски.
Ова е второ изземање на судијка за последниве десетина дена, предходно и судијата Софија Лаличиќ побара да не биде дел од судиите кои носат одлуки за обвинетите од СЈО.
Бахчовановска е сопруга на Владимир Бахчовановски, висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ и директор на државната лотарија.