Потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

„Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ“, информираше Костадинов на социјалните мрежи.

„Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја.

(…)

#СДСМ ќе се реформира, затоа што му е неопходна на општеството. Како државотворна партија која секогаш ја негува демократијата, ја гарантира слободата на граѓаните и никогаш не поттикнува меѓуетнички судири, како столбови на нашиот опстој“ – напиша Костадинов.

Ова е втора оствка во актуелното раководство на СДСМ откако синожа оствка најави потпретседателот на партијта Фатмир Битиќи.