Продолжува сончевото и многу топло време, со температури и повисоки од 40 степени.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 20 степени Целзиусови, а максималните ќе се искачат од 31 до 42 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 10.
Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Попладне, според УХМР, можна е мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец.
Температурите ќе се движат од минимални 18 до максимални 40 степени.
Во западните делови од земјата попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Високите температури ќе се задржат во текот на наредниот период.