Најмалку 89 лица се водат како исчезнати до вторник по поплавите во источна Шпанија. Ова го пренесува „Ројтерс“.
Во бројката се вклучени само оние кои се пријавени за исчезнати од членовите на семејството. Може да има повеќе случаи на исчезнати лица чии податоци сè уште не се регистрирани.
Најмалку 217 лица загинаа во Валенсија, Кастиља-Ла Манча и Андалузија, но досега се идентификувани само 133.
Шпанската Национална гарда во вторникот побара од роднините на исчезнатите лица да дадат примероци од ДНК за да ги идентификуваат телата.
Премиерот Педро Санчез најави 10,6 милијарди евра за помош на погодените од катастрофата.