Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре во Виена ќе се сретне со австрискиот шеф на дипломатијата, Себастијан Курц, соопшти македонското МНР.
На покана на Курц министерот Димитров ќе оствари средби и со членови на Комисијата за надворешнa политика во австрискиот Национален Совет, како и со претседателот на Комората на индустријалците на Австрија.
Курц важеше за еден од најблиските колеги на екс министерот за надворешни работи. И покрај острите критики на австриската јавност дека не смее да поддржува македонски министер за време на кампања Курц беше дел од изборните митинзи на Никола Попоски и ВМРО – ДПМНЕ.
Себастијан Курц се смета за творец на блокадата на македонско – грчката граница со која бегалците од Грција не можат да продолжат на патото кон ЕУ.