Пред 3 години, кога за претседател на партијата беше избран Зоран Заев, на непосредното гласање од членството се пријавија 68.999 членови, објави Либертас.
По предлогот на Славјанка Петровска да се одложат изборите во СДСМ, Централната изборна комисија одговори дека ќе ја продолжи постапката бидејќи процесот е легитимен, демократски и спроведен во најдобар ред.
Покрај Петровска, кандидати за нов партиски лидер се Венко Филипче, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски.
Сите пријавени кандидати за прв човек на СДСМ ветуваат обединување и реформи во партијата и враќање на СДСМ на државотворните патеки, пишува порталот.