Како превенција за евентуални нови инциденти по тие на Денот на албанското знаме, кога на неколку локации беше сквернавено македонското државно знаме, а по препорака на Министерството за внатрешни работи, Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија реши да го одложи утрешното 17. коло во Првата лига.

„Одлуката е донесена согласно препораките на МВР поради неодамнешните случувања и настани и спречување на каков било вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари“, се вели во соопштението на ФФМ.

Одложените натпревари ќе се одиграат во вторник од 13 часот, кога најголемиот дел од потенцијалните посетители се на работа или во училиште.