Уставен суд: Ќе има ли УБК пристап до машините за прислушување?

Највисокиот македонски суд денеска дебатира за уставноста и законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации кој македонските телеком оператори  ги обврзува да дадат техничка поддршка кога УБК следи електронски комуникации дури и без судски налог.

Уставните судии расправаат по претставка стара 2 години поднесена во времето на бомбите на средината на 2015 година. Спорниот член 175 од Законот за електронски комуникации како проблем се споменува и во документот подготвен од страна на европскиот експерт Прибе.

Тогаш Германецот кој ги утврдуваше слабосстите поради кои дојде до кризата во Македонија и кои што мора да е одстранат ако сакаме влез во ЕУ, наведе дека УБК не смее во никој случај да има дирекен пристап до средствата за следење на комуникации.

„УБК не треба да има директен пристап до техничката опрема која дозволува отсликување на комуникацискиот сигнал. Уредите за пренасочување треба да бидат преместени во просториите на телекомуникациските оператори. Операторите треба да ги активираат и да ги пренасочуваат сигналите до надлежните органи (полицијата, Царинската управа и Финансиската полиција) или до безбедносните органи (Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање и одделот за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана) само по добивањето на релевантна судска наредба и само за целите на законското прислушување. Под било кои околности, УБК не треба да има практична можност за директно пресретнување на комуникациите“, препорача Прибе во својот извештај.