Уништени отровно месо, млечни производи и пакети со јогурт 

Уништени се триесетина килограми небезбедни производи, како замрзнато месо, млечни производи, преработки од месо и над 66 литри јогурт. Ова е резултатот од контролите на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, спроведени минатата недела во малопродажни објекти, како мини маркети и продавници за храна.

  • Направени се 192 вонредни надзори, притоа за утврдени недостатоци се издадени вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни“, информираат од АХВ.

Според АХВ, контролирана е исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствените барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите.

Од контролите е утврдено дека 12 малопродажни објекти воопшто не се регистрирани во Агенцијата како оператори со храна, во девет објекти вработените немаат извршено задолжителни здравствени прегледи, а девет оператори не ги задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната.