Дури  2,3 милиони гласачи учествувале во националните консултации околу ова прашање за кое државниот секретар за владините комуникации, Бенце Тужон, изјави дека се најуспешни во историјата на оваа земја.

Огромно мнозинство од  Унгарците кои учествуваа во истражувањето на владата од Будимпешта, се против на таканаречениот план на Сорос за населеува на еден милион мигранти годишно во ЕУ.

Тужон рече дека до 7 декември биле обработени повеќе од 1,5 милион прашалници, од кои 99 отсто биле валидни, пренесува агенцијата МТИ.

Унгарците, исто така, се противат на отстранување на оградата на јужната унгарска граница подигната во екот на мигрантската криза и се противат на задолжителните квоти за распределба на мигрантите меѓу земјите-членки на ЕУ, вели Тужон.

Американскиот мултимилијардер  Џорџ Сорос во ноември ги отфрли тврдењата од „консултациите“ на владата на Виктор Орбан, дека се залагал за населување на милион(и) мигранти за што, наводно, ги принудувал земјите од ЕУ.

Во 2015 година Сорос навистина предложил план за прием на толкав број бегалци во кој дури и предлагал во првите две години секој од нив да добива по 15 000 евра за сместување, здравство и образование, а да бидат сместени  „таму каде што ќе побараат“.