Унгарскиот десничарски портал „888“ во својот коментар за најавите од Давос дека ќе бидат преименувани аеродромот и главниот автопат во државава констатира и во насловот дека „Македонија полека се движи кон целосно самоуништување“, бидејќи „Александар Велики е основа на македонскиот идентитет“.
„Македонската левица диктира силно темпо. Есента се зборуваше дека Македонија ќе го промени своето име заради Грците, а објавувањето на новото име се очекува оваа пролет. Сега стигна вест и дека тие ќе го преименуваат нивниот аеродром, па дури и автопат. Зошто? Бидејќи го носат името на Александар Велики, а тоа не им се допаѓа на Грците.
Ова само по себе е проблематично, бидејќи главната основа на македонскиот национален идентитет е Александар Велики. Ако бидат одбиени, а, сепак, земјата биде преименувана, што ќе остане? Земја со малку повеќе од половината население Македонци, а останатите се Албанци, Турци, Роми, Грци (веројатно се мисли на Власи – н.з.) и Срби.
Судбината на Македонија ни покажува каков сон има Џорџ Сорос. Во земјата, во името на големите идеали – да се биде членка на НАТО и на ЕУ – прават сé што можат за да се откажат од сè, но ‘светата цел’, едноставно, не ги сака. Во меѓувреме, националниот идентитет е елиминиран и нема ништо друго освен мулти-култи маса, која дури може и да се нарекува некако, само за да се преправаме дека никој не е вознемирен“, пишува во коментарот.
Според порталот, „Зоран Заев е човек на Сорос и тоа во текот на изминатите неколку години сè повеќе се гледа во несреќната балканска земја“.