Унгарскиот министер Бока твитна за интервјуто во „Заспиј ако можеш“: Отворивме стратешки важни теми (ВИДЕО)

Унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ. Како што самиот напиша на Твитер, со својот домаќин, Драган Милосављевиќ разговарале за стратешки важни теми, како што се:

Нефер политиката на ЕУ во пристапниот процес за Западен Балкан.

Стратешкото партнерство меѓу Македонија и Унгарија.

Царинската војна меѓу ЕУ и САД.

Унгарската визија за иднината на ЕУ.

Создавање на нова безбедносна архитектура во Европа.

Целото интервју можете да го погледнете на следниот линк: