Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана соопшти дека севернокорејските воени единици се распоредени во руската област Курск, односно во зоната на конфликт меѓу украинските и руските војници, пренесува турската агенција Anadolu.
Разузнувачите објавија дека севернокорејските трупи, обучени во Русија, се вклучиле во војната против Украина.
Според украинските разузнавачи, околу 12.000 војници од Северна Кореја се испратени во Русија, меѓу кои 500 офицери и тројца генерали.