Официјален јазик во образованието станува украинскиот, но една или повеќе дисциплини, сепак, ќе може да се предаваат и изучуваат на два или повеќе јазици – како англиски и други службени јазици на Европската унија.

Официјални јазици во Унијата се и португалски, грчки, романски, бугарски…


На децата кои припаѓаат на националните малцинства во Украина засега им се гарантира правото на учење на мајчиниот јазик, заедно со украинскиот, само во предучилишно и првите години од основно образование.

Од петто одделение, децата ќе учат на украински, а јазикот на етничките малцинства ќе се изучува како посебна дисциплина.

Од 1 септември 2020 година, образованието треба да се одвива исклучиво на државниот украински јазик.

Претседателот на Украина Петро Порошенко вчера го потпиша Законот за образование предложен од Врховнат рада на 5-ти септември, според кој, образовниот процес мора да се одвива на државниот – украински јазик.

Владите на Унгарија и Романија претходно посочија дека овој закон ги крши правата на националните малцинства во Украина.

Москва, оцени дека законот ги прекршува уставот на земјата и меѓународните обврски на Киев, и дека „украинизацијата“ во образованието е спротивна на интересите на жителите кои зборуваат руски јазик.