Украина ја „прегази“ Турција по бројот на имигранти во ЕУ од 1990 до 2024 година

Безмалку тригодишната војна со Русија ја направи Украина неприкосновен лидер по бројот на имигранти во Европската унија во периодот 1990-2024, оставајќи ја далеку зад себе на врвот на оваа листа Турција, пред неа со децении убедливо прва.

Во наведената временска отсечка во ЕУ имигрирале 6,57 милиони Украинци, речиси три пати повеќе од Турци, чиј број достигнал 2,85 милиони, незначително повеќе од Мароканците на третото место со 2.847.616.

Во топ 10 се уште Русија со 2.025.916, Алжир со 1.802.344, Индија со 1.655.206, Кина со 1.500.954, Сирија со 1.220.216, Албанија со 1.075.240 и Казахстан со 1.044.424.