УЕФА покрена дисциплинска постапка против Албанската фудбалска федерација (ФСХФ) поради инциденти, вклучително и инвазија на теренот и фрлање предмети за време на поразот на Албанија со 1-2 од Италија на ЕУРО во Дортмунд во саботата, пишува Daily Mail

Управното тело на европскиот фудбал во неделата соопшти дека отворило постапка и за албанските навивачи кои палеле огномет за време на натпревар од групата Б, како и „пренесувале провокативна порака несоодветна за спортски настан“.

УЕФА не соопшти повеќе детали за пораката која наводно била испратена.

Портпаролот на ФСХФ во соопштението наведе дека планираат да достават официјална изјава до ЦЕДБ во рокот определен од УЕФА.

Сакаме да нагласиме дека се преземени сите неопходни мерки за успешна организација на натпреварот, додаде албанскиот портпарол.

„Настанот беше прослава на европскиот фудбал и не се случи некој поголем инцидент за да се расипе позитивната атмосфера“.