Дел од грчкиот печат реагира на учеството на Европскиот шампионат во кикс-бокс во Скопје со критика дека не само што членовите на Сегрчката киксбокс федерација не протестирале зашто Скопје го користел името Република Македонија, туку и се фотографирале заедно со претставници на другите федерации иако насеекаде бил испишан зборот „Македонија”.

Ако може да му се верува на атинскиот „Прото тема“, некои од грчките кик-боксери, но и други спортисти, се жалеле зошто од Федерацијата немало никаква реакција на написите и на тоа што на церемонијата на отворање, скопскиот тим влегол  со најавата на „Република Македонија“ и што сите обележја на тимот биле со натпис„Македонија“.

Обележјата останале за време на целиот шампионат од 2 до 10 септември, а грчката мисија тоа го прифатила без протест и без да укаже на незаконитоста на употребата на тој збор од страна на Скопје.

Во почетокот на август грчки ракометарки се повлекоа од Европскиот шампионат во ракомет во Скопје поради името „Макеедониија“ на тренерките на домашниот тим, меѓутоа веднаш беа дискфалификувани.

Но, затоа за демострираниот патриотизам младите ракометарки беа пофалени од страна на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Сегрчката кик-бокс федерација (ПОК) постојано учествува во активностите на Светската кик-бокс организација (WAKO), која ја признава ПЈРМ како „Македонија“, пишува весникот.

Некои спортисти наводно изјавиле дека ПОК може да се повлече од WAKO, бидејќи не е обврзана да соработува со неа. Постојат и други глобални федерации во овој спорт, иако грчката федерацијае е добитник на посебно признанне токму од оваа светска организација во кик-бокс.