Седуммина вработени во шпанската хуманитарна организација World Central Kitchen (WCK) загинаа во израелски воздушен напад врз Појасот Газа.

Хуманитарните работници од Полска, Австралија, Ирска и Велика Британија се меѓу жртвите на нападот врз возило јужно од Деир ал Балах, во центарот на окупираниот крајбрежен појас, објави Тајмс оф Израел.

Израелската војска соопшти дека „врши длабинско испитување на највисоко ниво за да се разберат околностите на овој трагичен инцидент“, но не кажа дали е одговорна за нападот.

Засега е познато дека меѓу загинатите хуманитарни работници има државјани на Велика Британија, САД, Полска и Австралија.

Австралија потврди дека нејзиниот државјанин е убиен. Си-Ен-Ен доби видео снимка на која се гледаат повеќе тела облечени во WCK елеци. Од телата биле земени британски, полски и австралиски пасоши.

Објавен е идентитетот на убиениот австралиски државјанин. Станува збор за Зома Френк, менаџер во WCK.

Организацијата на крајот на март објави видео во кое 43-годишниот Франком, роден во Мелбурн, зборува за оброците кои се подготвуваат за Палестинците во Појасот Газа, пишува The Guardian.