Двајца патници се избодени до смрт во воз кој пристигувал на станицата во Портланд. Тие се обиделе да ги заштитат, да застанат на страната на две жени, најверојатно од муслиманска вероисповест кои биле навредувани и малтретирани од напаѓачот.

Инцидентот се случил во очи на почетокот на светиот муслимански празник Рамазан, а напаѓачот кој е идентификуван како Џереми Џозеф Кристијан е уапсен веднаш по пристигнувањето на возот во станицата. Тој повредил вкупно три лица, од кои едното починало на место на настанот, второто по хоспитализацијата во болницата, а третото минало со полесни исеченици.