Убиени двајца од напаѓачите во Лондон, на себе имале канистри со течност

Фотографот Габриеле Скиато во Лондон ноќеска снимил две тела како лежат на улица во близина на двете локации каде што беа извршени терористичките напади.

На двете тела кои што најверојатно загинале во престрелка со полицијата и кои се опкружени од полицајци во цивил има прикачено канистри во кои имало непозната течност.

Медиумите сеуште немаат информации за што служеле канистрите кои што се гледа дека се закачени за телата на убиените терористи во Лондон.