Бремена 23-годишна Палестинка беше убиена од израелските безбедносни сили во неделата во бегалскиот камп Нур Шамс на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесе Ројтерс.
Сундос Џамал Мохамед Шалаби, која билa во осмиот месец од бременоста, била погодена од израелски огнено оружје, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека фетусот исто така не преживеал и дека сопругот на Шалаби е критично повреден.
Израелската војска немаше моментален коментар.
Израелската војска соопшти дека ја проширува антитерористичката операција на северот на Западниот Брег до Нур Шамс, бегалски камп близу до палестинскиот град Тулкарм.
Израелската војска, полиција и разузнавачки служби ја започнаа антитерористичката операција во Џенин на 21 јануари, опишана од официјални лица како „голема и значајна воена операција“.
Операцијата се прошири на Тулкарм, Ал Фара и Тамун, при што војската соопшти дека целта била милитантите.
Израел, го третира Западниот Брег како дел од повеќефронтната војна против групите поддржани од Иран, формирани околу неговите граници, ја започна операцијата откако постигна прекин на огнот во својата војна во Газа против палестинската милитантна група Хамас.
Илјадници Палестинци ги напуштија домовите на Западниот Брег поради воената кампања и големото уништување.
Палестинците велат дека израелската кампања е една од најразорните во последното сеќавање. Десетици Палестинци се убиени, според Министерството за здравство на палестинските власти.
Израелската војска соопшти дека убила милитанти.
Овој месец, израелската војска објави видео од контролирано уривање на згради во преполниот бегалски камп Џенин. Се наведува дека 23-те згради биле користени од милитанти.
Илјадници Палестинци се раселени, а десетици домови се урнати по повеќе од две недели смртоносна израелска опсада и рации во северниот дел на окупираниот Западен Брег, вклучувајќи го и бегалскиот камп Џенин, јави Ал Џезира.