Маш е уапсен во Италија за убиство на две жени, пред 47 години.

Сузан Армстронг и Сузан Бартлет биле пронајдени мртви во нивниот дом во Мелбурн во 1977 година.

На аеродромот во Рим завчера е уапсен 65-годишен маж, двоен државјанин на Грција и Австралија, пишува Гардијан.

Полицијата во австралиската држава Викторија ќе бара налог за негова екстрадиција.

Телата на жените биле пронајдени во домот на 13 јануари, три дена откако последен пат биле видени живи

И Армстронг (27) и Бартлет (28) биле избодени повеќе пати, соопшти полицијата.

Во 2017 година беше понудена награда од 1 милион долари за нови информации што може да доведат до апсење.

Полицијата со години трагаше по убиецот. По убиецот била распишана црвена потерница од Интерпол, а италијанските власти постапиле на аеродромот Леонардо да Винчи во Рим.

„Повеќе од 47 години, детективите за убиства неуморно работеа за да утврдат кој е одговорен за смртта на Сузан Армстронг и Сузан Бартлет“, рече началникот на полицијата во Викторија, Шејн Патон.

Тој додаде дека екстрадицијата ќе зависи од италијанските власти, но очекува дека ќе биде најмалку еден месец пред полицијата да отпатува во Италија за да презентира докази што ќе ја оправдаат екстрадицијата.