Секторот за внатрешни работи Тетово, соопшти дека денеска (02.01.2025 година) околу 02:00 часот од страна на полициски службеници на Одделението за меѓународна полициска соработка – Оддел за истраги и СПБ Тетово, уапсени се лицата Е.З.(24) одскопското село Гррчец и А.О. (24) исто така од скопското село Грчец, кои по наредба на Основниот суд Скопје 1 се бараа со потерница за бегство од Затвор Скопје, јави Алсат.
„Е.З. е осуден на пет години затвор за кривично дело сторено од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а А.О. со затворска казна од три години за кривично дело сторено по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната кривична институција“, се вели во соопштението на СВР-Тетово.