Иако турската амбсадорка во Скопје Тулин Еркал Кара предходно изјави дека се очекува пристигнување на премиерот Заев на прославата на годишнината од обидот за воен удар во Турција тој не се појави на специјалниот настан што предизвикало разочарување кај домаќините.
Освен тројца претставници на македонската влада, министрите за здравство Таравари, вицепремиерот Анѓушев и министерот без ресор Ќахил на настанот организиран од амбасадаа на Турција не се појави ниту министерот за надворешни работи Никола Димитров ниту некој од министрите со поголема тежина како министерската за одбрана Шекеринска, што од страна на Турција може да биде доживеано како политичка порака дека Македонија ја зазема страната на ЕУ во поглед на последиците од неуспешниот воен удар.
За Европската Унија акциите по 15 јули преземени од турската влада се спротивни на европските конвенции и значат прекршување на човековите права.
На одбележувањето на 15 јули на настанот организиран од турската амбасада не се појавил ниту еден министер од ДУИ што се објаснува со наводната поддршка на Турција за партијата БЕСА која што е најголем ривал на најголемата албанска партија на наредните локални избори.
На настанот не беше ниту претседателот Иванов но тој испратил специјална порака за поддршка која лично ја пренесол неговиот советник за надворешна политика.
За време на својот говор Кара вчера порачала дека македонските власти мора да преземат чекори против терористичката мрежа на лидерот на ФЕТО Фетула Ѓулен која што функционира во Македонија затоа што Турција во спротивно може да го преиспита својот засега одличен однос со земјата.