По двете победи во март, македонската фудбалска селекција се подготвува за првиот од двата натпревара во јуни во кои не очекуваат средби со Турција и Шпанија. Двете се во Скопје, првата утрешната е пријателска, а втората на 11 јуни е дел од квалификациите за Светското првенство. Во нашиот национален тим се добро расположени, со нетрпение го очекуваат натпреварот со Турција и за сега, не одат натаму со мислите од понеделник.
“Сите во репрезентацијата сакаме да дојдеме до позитивен резултат против Турција зошто секој меч е за нас е важен, без разлика дали се работи за пријателски или квалификациски. Победа со Турција може да ни донесе дополнителен мотив за дуелот со Шпанија“, рече голгетерот Илија Несторовски кој посака полно гледалиште на Телеком Арената.
“Играчите се добро подготвени за квалитетно издание, а по претходните две победи, желбата е да се продолжи во ист ритам. Сакаме да стигнеме до позитивен резултат, и покрај тоа што против себе сега имаме репрезентација како што е Турција“, истакна селекторот Игор Ангеловски.
Натпреварот Македонија-Турција е утре во Скопје од 19.45 минути.