Романски медиуми се „навлекоа“ на веста дека „жителите на бугарските окрузи – Видин, Враца и Мунтенија, сакаат да се извлечат од корупцијата во земјата и да се приклучат на Романија“, пишуваатѕ бугарски медиуми.

Незадоволни од корупцијата тие најпрво би организирале петиција за добивање на автономија, а потоа би се приклучиле на Романија, пишуваат бугарски медиуми, според кои, целата работа тргнала од извесниот Борис Кменов, Бугарите во овој регион кој изјавил дека не сакаат да учествуваат во корупцијата (во Бугарија)


На прашањето зошто сакаат да се приклучат наРоманија, тој вели: „Нивното судство е подемократско, реформирано“, рече Каменов.

Локални жители коментираат дека во трите округа нема економска активност и дека жителите на овој регион треба да бараат работа во други бугарски градови како Козлодуј или Пловдив.

Основачот на движењето за независност вели дека само откако регионот ќе добие(л) независност, ќе се сврти кон Романија со предлог за приклучување кон неа.

На прашањето дали Мунтенија, Видин и Враца ќе станат како Барселона, Каменов одговорил дека на северозападот (од Бугарија –н.з.)на му требал „човек како Пучдемон“.

Романија и Бугарија , инаку имаат сериозни историски расправи околу регионот Добруџа кој од Берлинскиот конгрес во 1878 година потпадна под романска власт.

Со Договорот од Крајова од 7 септември 1940 јужниот дел од Добруџа ѝ е вратен на Бугарија.