Од денеска до недела на две локации во земјава ќе бидат доделени ракометните пехари од Купот на Македонија.
Во Автокоманда во денеска започнува женскиот турнир на кој Металург игра со Прилеп, Вардар со Гевгелија, а финалето е в сабота. Тој ден во Битола започнува машката завршница која кулминацијата ќе ја доживее со полуфиналето Вардар-Металург, а дел од истата фаза е и мечот Еурофарм Работник-Охрид. Овде трофејот ќе се доделува в недела.