Иако хрватскиот тренер Анте Назор остави силен впечаток кај овдешните кошаркарски приврзаници со познавање на играта и со поставената тактика, па и со титулата освоена во жестокиот дуел со Карпош Соколи, тој нема да продолжи во МЗТ Скопје. Го неследува Александар Тодоров кој минатата сезона го водеше тимот на Пеќ од Косово. Таму не успеа да дојде до трофеј во трите натпреварувања во кои играше во штотуку завршената сезона иако имаше тим со многу Американци и странци воопшто.
Тодоров кој денеска е именува претходно два пати беше во редовите на МЗТ Скопје, во сезоната 2007-2008. година и во 2011-2012. година кога и ја освои титулата број еден во македонскиот шампионат по што Аеродромци нанижаа шест пехари. Во двата наврата си заминуваше, а меѓувреме тој работеше и во Бугарија, Турција, Романија и во веќе споменатото Косово.
МЗТ Скопје следната сезона ќе биде единствен македонски претставник во Јадранската кошаркарска лига.