Трговците предлагаат поевтинување на 100 производи, наместо ограничување на маржи, a одлука ќе има во понеделник. Наместо ограничена маржа на 10 отсто за повеќе од 1.000 продукти, да се состави листа од 100, 200 производи кои граѓаните секојдневно ги купуваат и нивните цени да се намалат. Ова е предлогот на трговците и дистрибутерите до Владата кои тврдат дека ќе помогне да се ублажи скапотијата. Нивните проценки се дека со владината одлука за ограничување се опфатени многу производи и дека некој треба да бидат изземени. Во понеделник ќе се знае дали нивниот предлог се прифаќа или не.
Реакцијата од трговците и дистрибутерите дојде откако Владата одлучи да ги ограничи маржите на дел од прехрамбените и непрехрамебените производи, по анализите од пазарна која покажа дека кај некои производи маржата достигнува и до 70 отсто. Со одлуката за ограничување освен оние 73 производи од есенската кошничка, влегуваат и гелови за туширање, хигиенските влошки, пелени, храна за бебиња, прашоци.

Претходно, граѓаните ги бојкотираа маркетите двапати поради тоа што велат дека цените се високи. Истиот пример го имаше во Хрватска, потоа во Црна Гора, БиХ, а ќе бојкотираат и Грците, Романците и Бугарите.