Во два по полноќ со мечот на Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс започнува новата сезона во НБА лигата. Дел од првата вечер е и настапот на актуелниот шампион Голден Стејт кој го дочекува Хјустон. 72 шампионат започнува порано од вообичаеното, всушност ова е осум дена порано од лани, а главната причина е желбата на раководството да ги избеге „бек-ту-бек“ средбите и да им даде повеќе простор на играчите. Во основниот дел од сезоната, кој ќе трае до 11 април, ќе има средби и надвор од САД, во Мексико и Лондон, а три дена подоцна започнува плеј офот.