Трајковска за партиските тролови што плукаат по сексипилни и образовани жени во институциите: Гнаси

Директорката на македонскиот Институт за комуникации Жанета Трајкоска се занимава со партиските ,,тролови” односно активисти на СДСМ кои вршат сексистички напади на членки на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од институциите.

,,Јас не знам кој им ја работи стратегијата на СДСМ за т.н ПР, или пак, нивните тролови решиле сами да плукаат по жени што се и образовани и привлечни и сексипилни и на позиција, ама како и да е – некој треба да им каже да си ги врзат џукелите и да им дадат по неколку воспитни. Не сконтавте како и каде губите и кој ве однесе уште подолу од заслуженото?!?

Не е во ред ни за политичарки на СДСМ, ни за политичарки на ВМРО, ни за ДУИ, ни за ВРЕДИ да сеете гадни коментари и да ширите злоба и отров- оти?! Дека биле убавии и образовани и биле „смели“ во изразот… Аман, опрајте се женомрсци!

Од мажи во политиката еве каде дојдовме. Биле згодни- па алал да им е! Плус сакаат да градат кариера во политика – Браво! Сакаат да се занимаваат со гнасни коментари – оти јбг сме се родиле на „брдовитом Балкану“ треба да им симнеме капа.

Да дрндавте за мажите политичари така бе – леееј колкув му е стомакот, колку е згоден, виде какви тесни панталони носеше, аууу се фарба и малце се исчупал…ммм овој е повеќе за дома да го чуваш, отколку по Европа да го праќаш, лом ќе напраи таму!
Ај гитла бре! Гнаси”, пишува Трајковска за нападите што ботовите на СДСМ кои деновиве напаѓаат жени од ВМРО-ДПМНЕ ок блиски на партијата на социјалните мрежи.