Трајанов: На ДУИ му треба „патерица“ да се потпре, дали е тоа Таравари (ВИДЕО)

 

Во коалциијата ВРЕДИ имаат несогласувања околку крупни прашања и тој процес кулминираше  сега одлука е на Таравари дали ќе се приклучи на Европскиот фронт на ДУИ и ќе биде со нив.

„ДУИ сега бараат патерица за да се потпрат и веројатно во таа улога успеала да го придобие Таравари, не знам што одлука ќе донесе, владеачката партија е клучна и без Таравари ќе има мнозинтсво“, изјави Националниот координатор за борба против насилен екстремизам и тероризам Павле Трајанов, во Аргумент плус на ТВ 24.

Трајанов рече дека немал средба со Таравари за несогласувањата во „ВРЕДИ“ и се огради да навлегува и да ги коментира состојните во Коалицијата ВРЕДИ ниту пак дали Таравари ќе се приклучи на ДУИ – можеби за време или по локалните избори.

За најавите за протести од ДУИ Трајанов вели дека се врз основа на етничка основа и се селективни.

„Не знам Ахмети зошто протестира за Бектеши а не за Груби. Тој ќе протестира зошто е Албанец, зошто не протестира за министерот без ресоср, не може да проетстирате селективно и врз основа на етничка основа.

Тој филм еднаш помина, со насилства со војна. Воениот конфликт беше режиран меѓу две политички партии, се уфрли Ахмети и се трансформира во патија. Тоа време помина со закани, насилство и излегување на улица. Нема да добијат поддршка а и мислам дека граѓаните на Македонија не се подготвени да протестираат за Ахмети да ја растура Македонија.,

Тоа време помина. ДУИ како политичка партија направи и дуизација и криминализација и како одговор на тоа сега сме во состојба каде се анализара се“, додаде Трајанов.