„Транспорт и врски“ пак во рацете на магистер по дипломатија со обука за безбедност

Идниот министер за транспорт и врски во македонската влада јавност го познава како еден од најактивните членови на СДСМ во последниве десетина години. Според публикацијата на Собранието „Мој пратеник“ Сугаревски во периодот до февруари 2016 година поднесол најмногу предлог закони од сите пратеници во парламентот дури 21 и истовремено побарал најмногу  одговори од владата за различни прашања.

Според неговата биографија тој е правник кој дилломирал на правниот факултет во Скопје на УКИМ, магистрирал на меѓународната политика и дипломатија при Универзитетот ФОН во Скопје а течно зборува англиски и српски јазик. Од професионални обуки посетувал обука за државна управа и семинари од областа на безбедноста и одбраната.

И неговиот предходник Владо Мисајловски од ВМРО – ДПМНЕ е правник со магистратура по дипломатија.

ГОРАН СУГАРЕСКИGoran-Sugarevski

Лични податоци:
Роден е на 03.08.1973 година во Прилеп. Оженет е, има едно дете, Марија.

Образование:
Во Прилеп го завршува основното и средното образование.
Дипломира на Правниот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Магистрира на меѓународната политика и дипломатија при Универзитетот ФОН во Скопје.
Течно зборува англиски и српски јазик.

Професионална обука:
Посетувал обука за државна управа и семинари од областа на безбедноста и одбраната.

Професионална кариера:
Работел како државен службеник, советник – комунален инспектор.

Партиска кариера:
Бил претседател на Локалниот клуб на СДММ Прилеп во периодот од 1997 до 1999 година.
Бил член на Претседателство/Извршен одбор на Општинската организација на СДСМ Прилеп во периодот од 1999 до 2007 година.
Од 2007 до 2009 година бил Претседател на Општинската организација СДСМ Прилеп.

Политичка кариера:
Од 2000 до 2003 година бил член на Советот на Општина Прилеп.
Од 2008 година ја врши функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија.