„Трансмет“ со најниска цена победила на тендер на ЕЛЕМ распишан од новата влада

Победата на компанијата „Трансмет“ на јавен тендер на државната компанија ЕЛЕМ за потребите на РЕК Битола е чиста и фирмата на Сеад Кочан повторно ќе копа јаглен за потребните на РЕК Битола, велат од државната компанија ЕЛЕМ.

„Трансмет“ пред два дена добила нова работа вредна шест милиони евра а од ЕЛЕМ велата дека во зделката нема ништо спорно затоа што иако газдата на Телевизија Нова има кривична пријава сопственичката структура на компанијата е променета, а сметката на фирмата е активна.

На тендерот  „Трансмет“ понудила најниска цена и не можела да биде исклучена од процедурата.

СЈО побара, а судот во мај ја блокираше сметката на „Трансмет“ затоа што против Кочан и „Трансмет“ заедно со уште две лица и две фирми беше поднесено  обвинение за случајот „Труст“.

СЈО тврдеше дека три фирми трите фирми со лажна документација формирале конзорциум со цел да добијат тендер од ЕЛЕМ.

Според СДСМ Кочан и неговата компанија која што функционира од 1993 година го прекршила законот и треба да одговара а според ВМРО – ДМПНЕ Кочан е цел на политички прогон од страна на власта затоа што е сопственик на телевизијата Нова која што е критички настроена против владата на СДСМ.

СДСМ во „бомбите“ на Заев објави разговор на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Груевски во кој индиректно се споменува Кочан.

На почетокот на август сегашниот генерален секретар на ЕЛЕМ Христијан Мицковски беше разрешен од позицијата директор на оваа компанија а новата влада на негово место го постави Драган Миновски.