Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал објави линк до написот на Си-Ен-Би-Си во кој се цитира рускиот претседател Владимир Путин кој вели дека Европа „ќе застане пред нозете на својот господар“.
Путин оваа изјава ја даде во времето кога Трамп најави воведување царини за Кина, Мексико и Канада пред околу една недела. Рускиот претседател изјави дека втората администрација на Трамп ќе „воведе ред“ во Европа.
„Трамп, со својот карактер, упорност, многу брзо ќе воспостави ред таму. И наскоро сите ќе му дојдат на нозе на господарот и малку ќе си ја свијат опашката. Сè ќе си дојде на свое место“, изјави Путин за ТВ Русија 24.

Нови маки за притворениот Мирчески, колеги нудат докази за криминал до полицијата и обвинителствотоШ