Трамп се пишмани – ги суспендираше високите царини за земјите, освен за Кина, за која ја зголеми на 125%

По една недела сериозни турбуленции на светската економија, американскиот претседател Доналд Трамп решо да ги суспендира на 90 дена високите царини за сите земји кои извезуваат производи во САД. Одлуката која стапува на сила веднаш воведува универзална царина од 10 проценти за сите земји, освен за Кина, за која Трамп давачката ја зголеми на 125%. Причина за тоа, според Белата куќа, е инсистирањето на Пекинг на ескалација со воведување на реципрочни мерки.

Претходно, американскиот министер за финансии рече дека одлуката на Трамп да ги паузира царините ќе даде време за преговори за нови трговски договори.

  • Ќе се направи договор со Кина. Ќе се направи договор со секој од нив, и тие ќе бидат фер договори. Јас само сакам фер. Ќе бидат фер договори за сите. Но тие не беа фер за САД,“ рече тој пред новинарите пред Белата куќа, пренесува „Си-ен-ен“.

Трамп објави дека ги зголемува царинските стапки за Кина на 125 отсто, откако Пекинг најави дополнителни царини како одговор. Трамп тврдеше дека луѓето ја искористуваат нивната земја и ги крадат со децении, иако не прецизираше за кои земји зборува.

И покрај тврдењата на Белата куќа дека повеќе од 75 земји побарале да преговараат со Вашингтон, експертите сметаат дека пазарите го кажале своето, и оттука оваа одлука на Трамп да ги паузира високите царини.