Трамп: Путин сака да се сретне со мене што поскоро…

Новоизбраниот американски претседател синоќа изјави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да се реши конфликтот во Украина.

„Путин рече дека сака да се сретне со мене што е можно поскоро. Така што тоа го очекуваме тоа. Мораме да ставиме крај на оваа војна“, рече Доналд Трамп кој ќе ја преземе претседателската гункција на 20 јануари.

За конфликтот во Украина Трамп рече дека е „страшен“ и повтори дека конфликтот немаше да дојде доколку тој беше претседател на САД наместо Џозеф Бајден.